Постабилната верзија „50“ на еден од најпопуларните интернет прелистувачи претставува доста значајна надоградба и тоа за платформите „Windows“, „Linux“ и „Mac“. „Chrome 50“ има подобар систем за известување, а и поддршка за оперативните системи „Windows Vista“ и „XP“.
„Beta“, „dev“ и „alpha“ изданијата на „педесетката“ беа достапни веќе некое време, а во „Google“ паметно го искористија „полирајќи“ го прелистувачот. Крајните корисници можеби не ги забележаа апсолутно сите промени, затоа што добар дел од нив е наменет за програмерите и подобрување на перформансите во различни услови на користење.
Многу е важен податок пристигнува за сопствениците на „Windows Vista“, „Windows XP“ и „OS X“ – затоа што тие не се во можност да го инсталираат најновото издание на интернет прелистувачот „Chrome“. Не станува збор за некој изненадувачки потег од „Google“, поради тоа што работата беше најавена уште претходно.
Што се однесува до безбедносните заштити, во „v50“ ги има многу. Сепак, од важните ставки вреди да се издвојат подобрувања за две многу критични безбедносни дупки и пет безбедносни пропусти означени како среден приоритет. „Google“ за оваа прилика исплати 18.000 долари на оние кои ги пронајдоа проблемите во прелистувачот.
И додека повеќето надоградби се всушност зад „сцената“, корисниците и тоа како ќе забележат една работа – нов систем за известувања. Тие сега можат да содржат дополнителни работи кои корисниците ќе можат да изберат по желба. „Chrome 50“ е можно да се превземе со автоматска надоградба на прелистувачот или на овој линк.