„Fiat“ претстави нов мал градски автомобил кој го доби името „Mobi“. Моделот е развиен од бразилската поделба на брендот и ќе се нуди исклучиво во Јужна Америка.
Димензиите на хечбекот се должина од 3566 мм, ширина од 1633 мм и висина од 1490 мм. Двете врвни верзии на моделот се малку поголеми – должина од 3596 мм, ширина од 1685 мм и висина од 1559 мм. Во зависност од опремата „Mobi“ тежи помеѓу 907 и 966 килограми, а волуменот на багажникот варира од 215 до 235 литри.
Хечбекот е со погон на предните тркала, а се нуди само со еден мотор со зафатнина од 1,0 литар. Тој може да работи на бензин и на етанол. Во првата опција развива 73 КС и 93 Нм, вртежен момент, а во вториот 75 КС 97 Нм.
Моторот работи во комбинација со 5-брзински мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 14,3 секунди. Максималната брзина е 153 км/ч.
Новиот модел на „Fiat“ ќе се нуди во 6 нивоа на опрема – „Easy“, „Easy On“, „Like“, „Like On“, „Way“ и „Way On“. Последните две располагаат со пластична заштита на долниот дел на каросеријата, пруги на покривот и 14-инчни тркала.
Продажбата на „Mobi“ во Бразил веќе започнаа, а цените се движат меѓу 9.000 и 12.500 американски долари. Се уште не е познато дали италијанскиот производител ќе се премисли и овој модел да го понуди и на други пазари.