2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКУПРОО – нов виртуелен шопинг центар

КУПРОО – нов виртуелен шопинг центар

ku

Мислам дека повеќето од вас ќе се согласат со тоа дека со развојот на технологијата многу работи ни станаа поедноставни, до степен што сега веќе нема потреба ни да станеме од нашиот компјутер за да купиме некој производ. Онлајн трговијата, за нас сепак сè уште претставува голема незнаница, и несигурноста што ја имаме се намалува со сè поизвесното зголемување на онлајн пазарот со нови веб страни кои им овозможуваат на луѓето да тргуваат без никаков проблем. Овде ќе го додадеме и купроо – купи, продај, онлајн, како најнов член во оваа група.

кuproo.mk е новиот бренд на ВАЈОО Девелопмент, овозможувајќи им на сите корисници ширум Македонија да продаваат и купуваат онлајн, се што ќе посакаат.

kuproo_screenshot

Kuproo има цел да го создаде најголемиот виртуелен шопинг центар кој ќе им нуди безброј услуги и функционалности на компаниите, индивидуалните продавачи и купувачи. Преку креирањето на онлајн продавница kuproo.mk нуди бизнис проширување, помалку вработени, подобар имиџ, неограничен изложбен простор, 24/7 продажба, константна поддршка, аукции, бесплатни маркетинг активности, корисни алатки за продажба. Додека за купувачите нуди разновидност на производи, брзина на испорака, квалитет, заштеда на пари, попусти и погодности.

До сега секој од нас се има запознаено со ваквиот нов концепт на тргување но, разликата е во тоа што kuproo е врска, а не продавница. Купроо не продава свои продукти. Сите продукти се продаваат и се испорачани од страна на продавачите и на трети лица кои не се ниту вработени, ниту во било какви други односи со купроо.

kuproo.mk е поразличен од останатите сајтови по тоа што тој нуди функционалности како:

  • аукцијасекој од нас може да ги продава производите на еден нов интересен начин за купувачите, кои што пак на овој начин ќе можат посакуваните производи да ги добијат по пониска цена;
  • понуда – за вашите производи и услуги можете да добивате понуди над минималната сума која ќе ја внесете за тој производ/услуга. На тој начин можете слободно да преговарате за цената со купувачите, да добивате повратни информации и различни понуди (суми);
  • шаблони – со помош на сите слики, видеа и детален опис за сите производи или услуги од сега објавувањето ќе биде многу полесно и професионално;
  • достава – во соработка со компаниите за достава сите корисници ќе бидат во можност да ја изберат опцијата за достава на производот до нивиот град или дом.

кuproo.mk на бизнис корисниците им нуди можност да го донесат бизнисот на едно повисоко ниво, на индивидуалните продавачи заработка на многу лесен и брз начин, а на купувачите 24/7 достапност до било каков производ или услуга. За да се уверите во нашите зборови и за да се запознаете со овој нов сервис подетално ви препорачуваме да ги посетите:

  • профилот на купроо на Facebook каде можете да бидете во тек со сите новости,
  • профилот на купроо на YouTube каде можете да ги погледнете сите видеа и реклами и
  • официјалниот блог на купроо каде можете да пронајдете било каква информација за купроо.

Доколку овој сервис сеуште го немате испробано, не чекајте, посетете го www.kuproo.mk уште денес!

Купроо ја сними и својата нова реклама и сега имате ексклузивна можност да бидете помеѓу првите гледачи кои ќе ја погледнете. 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП