21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWells Fargo со пад на профитот во првиот квартал

Wells Fargo со пад на профитот во првиот квартал

fargo 3356365

Третата најголема американска банка по актива „Wells Fargo“ објави дека нејзиниот профит за првото тримесечје од годината е намален за 5,9%, по што продолжува да се бори со падот на цените на нафтата.

Акциите на банката поевтинија за 0,8% пред отворањето на пазарот, иако профитот и приходите сепак ги надминуваат оценките. Хартиите од вредност на компанијата поскапеа за 2,6% во средата.

Банката со седиште во Сан Франциско забележа профит од 5,46 милијарди долари, или 99 центи по акција. За споредба, во истиот период минатата година банката забележа профит од 5,8 милијарди долари, или 1,04 долари по акција. Последните резултати вклучуваат даночно олеснување од 7 центи по акција.

Аналитичарите, анкетирани од „Thomson Reuters“, очекуваа профит од 97 центи по акција.

Приходите се зголемени за 4,3% до 22,2 милијарди долари, додека пак аналитичарите прогнозираа износ од 21,61 милијарди долари.

Акциите на „Wells Fargo“ поевтинија за 9,8% од почетокот на 2016-та година во согласност со падот на индексот „KBW Nasdaq Bank“ на големите комерцијални кредитори во истиот период.

Ниските цени на нафтата се одразуваат негативно на голем број енергетски компании и ги туркаат кон сериозни проблеми. Тоа се одразува силно на „Wells Fargo“, отколку на други големи банки, бидејќи е еден од најголемите кредитори во индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП