6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp достигна до речиси 1 милијарда лица со само 57 програмери

WhatsApp достигна до речиси 1 милијарда лица со само 57 програмери

ap33

Кога „WhatsApp“ беше купен од „Facebook“ за 19 милијарди долари, популарната апликација за пораки имаше околу 35 инженери и 450 милиони корисници.

Две години подоцна „WhatsApp“ се пофали со над 900 милиони потрошувачи и со 42 милијарди пораки испратени секој ден. Тоа значи дека компанијата обработува до околу еден милион пораки на секои две секунди.

За разлика од технолошки титани како „Google“, „Amazon“ или дури самиот „Facebook“ сепак, „WhatsApp“ се уште се држи како минимален стартап.

Иако масовниот успех и паричните можности на „Facebook“, „WhatsApp“ има вкупно 57 програмери. Овој мал број вработени и помага на организацијата да остане жива, но исто така бара целиот тим да е како еден, изјави софтверскиот инженер на „WhatsApp“ Рик Рид во рамките на конференцијата „F8“.

„Културата навистина е поврзана со нашата способност да имаме мал обем“, вели Рид, цитиран од „Business Insider“.

Според него „WhatsApp“ останува на фокусот кој тој шеговито го нарекува „другиот f-word“. Нека „Messenger“, „Google Hangouts“ и други да прават сложени апликации, но „WhatsApp“ е фокусирана на тоа да ја направи наједноставната, најсигурна апликација за разговор, додава тој.

„Нашата мисија е да обезбеди едноставен, брз, сигурена алатка за комуникација без многу дополнителни функции“, вели Рид.

Тој го нарекува тоа „Just Enough engineering“ и обрнува внимание на фактот дека компанијата посветува доволно напори и ресурси за да остане верна на овој фокус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП