3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus се пофали со продажба на 1 милион хибриди

Lexus се пофали со продажба на 1 милион хибриди

mil hibrid lexus

Достигнување кое носи многу содржински желби за насоката на развој на автомобилската индустрија. Така од „Lexus“ ја објавија продажбата на својот 1-милионски автомобил со хибриден погон.

Предметниот примерок е од моделот „NX 300h“, кој беше предаден на новиот сопственик – Алдо Пиронело од Милано, Италија – од главниот извршен директор на Lexus за Европа Ален Ојтенховен.

Јубилејниот модел ќе се појави на патиштата 11 години по преставувањето на првиот луксузен хибрид во светот – „RX 400h“. Само една година по оваа премиера – во 2006-та, „Lexus“ го пушта седанот „GS 450h“, а една година подоцна пред публиката се појавува и најмоќната луксузна хибридна лимузина „LS 600h“. Компактниот седан „HS 250h“ е претставен во 2009-та година, а две години подоцна на пазарот се појавува и првиот во светот компактен целоснохибриден хечбек „CT 200h“. Во 2012-та на виделина излегува „ES 300h“, проследен со „IS 300h“ и „GS 300h“ во 2013-та, а во 2014-та, „Lexus“ го презентира првиот компактен кросовер – „NX 300h“. Првото луксузно хибридно купе – „RC 300h“, беше претставено на светот на крајот на 2015-та година, а во почетокот на 2016-та ја видовме и спортската машина „LC 500h“.

mil hibrid lexus1

Денес јапонската марка нуди 10 хибридни модели и е луксузниот бренд со најбогата хибридна гама. Интересен факт е дека Европа е најголемиот пазар за хибридните возила на „Lexus“. Во 2015-та, 64% од сите продадени автомобили на марката во Европа се хибридни, а соодносот во Западна Европа достигнува 95%.

Заедно со „Toyota“, продажбата на хибридни автомобили на двете марки надминуваат 8 милиони автомобили во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП