7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu го претстави моделот PRO 6

Meizu го претстави моделот PRO 6

meizutu 33

Само шест месеци по претставувањето на смартфонот од највисока класа „Meizu PRO 5“, растечкиот кинески производител „Meizu“ ја претстави следната шеста генерација на серијата.

Уредот се одликува со помал од својот претходник дисплеј од 5.2 инчи кој е „Super AMOLED“ и е чувствителен на притисок, слично на карактеристиката „3D Touch“ на „iPhone 6S“. Оваа можност е наречена од кинеската компанија „3D Press“. Екранот исто така е со стакло „Gorilla Glass 3“. Одлуката за толку мал екран е прилично изненадувачки, со оглед на фактот дека моделот од претходната верзија се истакнуваше со 5.7-инчен дисплеј, а дури моделот „MX5“ е со поголем екран од 5.5 -инча.

Според пазарните набљудувачи сепак, одлуката е донесена по големиот успех на 4-инчниот „iPhone SE“, кој укажува на присуството на фанови на компактни дисплеи.

Во однос на останатите карактеристики, уредот се одликува со десетјадрен процесор „MediaTek Helio X25“ и 4 GB RAM меморија. Сериозно се одликува и камерата на уредот, која е со сензор од 21,1 мегапиксели и 10-„LED“ блиц. Постои уште ласерски автоматски фокус. Батеријата му е релативно мала, со капацитет од 2.560 mAh.

Смратфонот ќе биде достапен од 23-ти април, а ќе биде со цена од 340 евра за верзијата со 32 GB и 380 евра за оваа со двојно повеќе меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП