ПочетнаКОМПАНИИМенаџерите на Фолксваген се согласија на намалување на бонусите

Менаџерите на Фолксваген се согласија на намалување на бонусите

folks 3564

Одборот на главни директори на Фолксваген договори намалување на бонусите на извршните раководители за најмалку 30 отсто во рамки на преговорите за решавање на спорот околу надоместоците, соопшти анонимен извор.

Бонусите за вишото ниво на менаџмент се најдоа во центарот на вниманието заради ескалацијата на спорот со синдикалните лидери на најголемиот европски производител на автомобили.

Оваа компанија се наоѓа под притисок да ги намали трошоците откако во септември минатата година излезе скандалот со лажирањето на податоците на тестовите за емисија на штетни гасови.

Вториот најголем акционер во Фолксваген, германската сојузна држава Долна Саска, сака тие бонуси да бидат исплатени, додека синдикалните лидери во компанијата сакаат нивно укинување или намалување.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП