23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е на десеттото место меѓу најевтините земји за живеење

Македонија е на десеттото место меѓу најевтините земји за живеење

Skopje-Macedonia_square27

Меѓу првите 10 од најевтините земји за да живеат или да се пензионираат странци е Македонија, која има една од најниските кирии од 50-те најевтини земји. Намирниците и производите за широка потрошувачка, исто така се евтини, што ги задржува трошоците на ниско ниво и покрај медиокритетот на локалната куповна моќ.

Со оглед на тоа колку американскиот долар е силен во однос на останатите валути, преселбата по пензионирањето во некои земји кои се поевтини за живот може да бидат идеално решение за штедење, пишува „Time“. Претставени се 50 земји каде е можно на таков начин да се заштеди.

Листата е составена врз основа на базата на цени која ја состави „Numbeo“. Основни параметри се: куповната моќ, т.е. потрошувачката кошница која се споредува со истата во Њујорк. Индексот на изнајмување, односно типичните цени за изнајмување на недвижности, индексот на потрошувачките цени: споредување на трошоците на локалните производи и услуги, вклучувајќи ги рестораните, намирниците, превозот и комуналиите. Нормално, сите тие цени се споредуваат со Њујорк.

Во сите 50 најевтини земји изнајмувањето на стан во однос на Њујорк е дури 70 проценти поевтино, намирниците се поевтини за 40 проценти. Од друга страна куповната моќ во голема мера варира.

На првото место е Јужна Африка, потоа следи Индија, додека на третото место се најде Косово.

Македонија се најде на 10-тото место. Во текстот се наведува дека куповната моќ на населението е помала за 49.7 проценти во однос на Њујорк, а дека изнајмувањето на стан е поевтино за дури 94 посто, додека намирниците за разлика на Њујорк се поевтини за 73.3%.

Во продолжение во текстот за Македонија се вели дека е европска држава која се наоѓа на север од Грција и има помалку население од 2,1 милиони жители. Нејзини главни индустрии се текстилната индустрија, преработката на храна и нафта. Исто така во рангирањето на „Numbeo“ може да се види споредбата на некои од градовите во нашата држава, како и трошоците за живот во нив.

Интересно е дека Германија се наоѓа на 35-тото место, а „Time“ вели дека оние кои бараат евтина земја каде што можат да заработат и добро да живеат, Германија е вистинскиот избор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП