7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе за новиот HTC 10

Се за новиот HTC 10

10htc 00

Тајванскиот производител на смартфони „HTC“ го претстави долгоочекуваниот модел од највисока класа „HTC One“. Освен со своето име, сепак, смартфонот не успеа со речиси ништо друго да ги изненади корисниците.

Информациите за неговите карактеристики се појавија на интернет уште пред неколку недели. Можеби најважната карактеристика на новиот уред е камерата со „UltraPixel“ – 12 мегапиксели со голем сензор (1.55μm), ласерски автофокус и оптичка стабилизација. Ова може да се претвори во една од најдобрите камери на пазарот во моментов. За прв пат во моделот се воведува оптичка стабилизација и кај предната камера, која е од пет мегапиксели.

10htc 01

Уредот доаѓа со аудио „BoomSound“, за кој многу професионалци стравуваат дека може да не е имплементирање во новиот смартфон. Во поглед на дизајнот, „HTC 10“ ги следи стапките на „One A9“. Смартфонот се одликува со заоблен 5.2-инчен екран со „QHD“ резолуција (1.440 x 2.560 пиксели), кој е со технологијата „Super LCD 5“, како и стакло „Gorilla Glass“. Чипот е „Snapdragon 820“, а оперативната меморија е 4 GB. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh, а може да се полни до 50% за триесет минути.

10htc 02

Оперативниот систем е 6,0 „Marshmallow“, а смартфонот ќе се нуди во две варијанти со 32 GB и 64 GB внатрешна меморија. Моделот со помалку меморија ќе стартува со цена под 700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП