6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Моќта на Facebook!

График на денот: Моќта на Facebook!

fejsi 999

„Facebook“ ги надмина дури најоптимистичките прогнози за тоа колку голема може да стане 12-годишната компанија еден ден. Денес водечката социјална мрежа има 1,6 милијарди посетители, половина од нив влегуваат во „Facebook“ секој ден. „Facebook“ привлекол и ангажирал толку многу корисници со функции кои се толку зависни и врзани со нивните животи, така што луѓето не престануваат да се враќаат за повеќе од секојдневната „доза“, коментира „Economist“.

Земајќи ги предвид и останатите апликации кои „Facebook“ ги поседува, на пример „WhatsApp“, „Instagram“ и „Facebook Messenger“, Американците поминуваат 30% од своето време на интернет во услугите на „Facebook“. За споредба, тие поминуваат 11% на „Google“ и „Youtube“.

Волуменот на податоците кои ги собира „Facebook“ за корисниците, му помага да стане втората најголема рекламна компанија во светот во мобилните устројства. Минатата година таа изјави дека од 70-те милијарди долари кои луѓето потрошиле за мобилни реклами во светот, 19% одат за „Facebook“. За споредба, „Twitter“ добил само 2,5% од оваа сума. Предноста на податоците на „Facebook“ сериозно ќе им отежни на конкурентите кои сакаат да заземаат позиција, зголемената пазарна капитализација на компанијата која изнесува 325 милијарди долари.

fejsi 99911

Некои можеби сметаат дека луѓето поминуваат премногу време на социјалната мрежа. Според едно истражување, повеќето Американци поминуваат вкупно два полни работни дена на месец на „Facebook“. Дали е можно во иднина тоа време да стане уште повеќе? Марк Цукерберг се надева на тоа.

Оваа недела се очекува „Facebook“ да ги објави плановите да стане една од услугите за пораки – „Messenger“, во портал со кој луѓето можат да извршуваат задачи, на пример да порачува такси и да комуницираат со различни фирми. Цукерберг се надева дека „Facebook“ ќе стане дури поголем дел од мобилниот екосистем во иднина. А да биде корисно, освен зависнички, може да значи уште пријатели на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП