„Mercedes-Benz“ се откажа од името „SEC“ во 1993-та година, но сега размислува да го врати на пазарот во форма на купе со 4 врати. Ова пишува весникот „Car & Driver“.
Во моментов во палетата на брендот има две купе верзии со 4 врати – компактен „CLA“ и поголемиот „CLS“. Германците сметаат дека треба да пуштат и нов предводник во овој сегмент, кој треба да биде готов најдоцна до 2021-ва година.
Во 80-тите години на минатиот век луксузниот „SEC“ (Sonderklasse Einspritzmotor Coupe) ја користеше основата на седанот „S-Class“ – „W126“ и „W140“. Во 1993-та година, сепак, на пазарот излезе моделот „S Coupe“, кој се произведува под тоа име и до денес.
Според информациите новиот автомобил всушност ќе претставува седан „S-Class“, чија предни и задни делови ќе бидат позајмени од „S-Class Coupe“. Сличен модел сепак ќе може да биде направен само кај следната генерација на предводникот на брендот. Тој ќе добие нов тип на воздушно потпирање, уште помоќни мотори и бројни иновативни технолошки решенија.