6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се очекува од новиот Galaxy Note 6?

Што се очекува од новиот Galaxy Note 6?

gali 33

Најголемиот светски производител на смартфони „Samsung“ пред извесно време ги претстави моделите „Galaxy S7“ и „Galaxy S7 Edge“, а корисниците веќе почнаа да шпекулираат што може да се очекува од следната генерација фаблетот „Galaxy Note“.

Се повеќе се зголемуваат очекувањата дека заменикот на моделот „Galaxy Note5“ ќе се одликува повеќе од суштинско со новиот чип на „Qualcomm – Snapdragon 823“, кој се очекува да биде претставен за неколку месеци.

Според кинеско издание новиот фаблет од серијата ќе има исто така 25-мегапикселна камера. Во однос на останатите технички карактеристики, очекувањата се за 5.8-инчен „QHD“ дисплеј, 6 GB RAM меморија, како и две варијанти со 64 гигабајти и 128 гигабајти внатрешна меморија. Според други гласини смартфонот ќе има 6-инчен флексибилен дисплеј кој се очекуваше при последните два модели, но овие прогнози така и не се материјализираа.

Батеријата е многу веројатно да има капацитет од 4000 mAh. Уредот се очекува да е со сертификат за водоотпорност „IP68“, што значи дека ќе може да издржи до 1,5 метри под вода во период од 30 минути.

Појавувањето е можно да се случи во третиот квартал од оваа година. Се разбира, ова се само гласини кои не се потврдени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП