11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е државата со највисоки даноци на доход во светот

Ова е државата со највисоки даноци на доход во светот

belg 33

Сите се жалат за тоа што треба да плаќаат даноци, но Белгијците имаат повеќе причини од сите други да го прават тоа. Белгија ги има највисоките даноци во развиениот свет, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Минатата година просечниот работник во Белгија плаќал 42% од платата назад на владата во форма на данок на доход и социјалните придонеси. Процентот дури се намалува во споредба со 2014-та година, кога бил 42.4%, пишува „CNN Money“.

ОЕЦД, која ги анализирала даночните стапки во речиси 40 држави ги подготви овие податоци, така што ја земала просечната годишна плата и потоа ги отстранувала федералните и локалните, како и социјално давачки. Од ОЕЦД ги користеле како образец родителите без деца или други членови на семејството кои се потпираат на неговите приходи.

Според Патрик Дерто, даночен експерт во „Deloitte“ во Брисел, даноците на доход во земјата се невообичаено високи, но работите почнуваат да се менуваат.

„Даночната промена започна минатата година”, вели тој, истакнувајќи дека во следните неколку години Владата ќе ги намали даноците и социјалните придонеси за работниците со ниски плати, додека во исто време ќе се соберат повеќе приходи од други сфери.

Белгија неодамна ги крена даноците на алкохолот, цигарите и горивата, како и на некои капитални добивки, каматни и дивидентни плаќања. Овие финансиски приходи во голема мера беа ослободени од даноци во минатото, според Ален Хоге, даночен партнер во „Baker & McKenzie“ во Брисел.

Оваа земја ги користи даночните приходи за финансирање на подобро здравство, образование и социјално програми, вели Хоге. Многу студенти во Белгија посетуваат универзитет, без нив морале да плаќаат значителни суми, според него.

На другиот крај на скалата просечниот работик во Индија не плаќа даноци и социјално осигурување. Повеќето работници носат дома 100% од платата. Пред да почнете да мислите дека Индија е некаков рај, треба да знаете дека просечниот работник во земјата заработува само околу 85.000 рупии (1.281 долари) годишно. Тие сепак плаќаат многу други даноци, вклучувајќи и данок на промет.

taxing wages 2016

Во средината меѓу двете крајности се наоѓаат земји како Германија, Франција, САД, Велика Британија, Канада и Кина. Податоците на ОЕЦД покажуваат дека просечниот работник во САД добивал 74.4% од бруто од платата во 2015-та година, по данокот од доход и социјално осигурување. За споредба, Канаѓаните добивале 76.6% од бруто од платата, а Мексиканците малку под 90%.

Треба да се има предвид, сепак, дека оваа анализа е направен за работниците кој немаат деца и заработува просечна плата. Податоците на ОЕЦД покажуваат дека семејните работници со деца плаќаат помали даноци, самохраните родители често добиваат дури уште поголеми даночни олеснувања. Луѓето кои заработуваат поголема од просечната плата, пак, во принцип плаќаат поголем данок на приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП