19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.04.2016

Дневен хороскоп 13.04.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Оптеретени сте со новите деловни идеи и како да стапите во деловен однос со многу важни лица. Амбициозни сте и подготвени да одите преку своите можности и сили. Партнерот има разбирање за вашите проблеми.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувајте се од измами и недоверливи лица од вашето опкружување. Некој близок може да ви биде од голема корист со неговите совети. Во љубовта можете добро да се сложите со партнерот. Внимавајте на кожата можни се проблеми.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Неодлучни сте како да се поставите во деловното опкружување, особено со директните и енергични лица. Романтични сте и заљубени. Можете да очекувате интересна средба на некое патување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу сте енергични и ризикувате да изгубите многу нешта. Партнерските односи се посебен предизвик за вас. Во љубовта сте посесивни и прилично недоверливи кон постојаниот партнер, иако вие сте склони на флерт.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој се обидува да ја злоупотреби вашата добронамерност. Не дозволувајте некој да ве злоупотреби на било каков начин. Обидете се да бидете помалку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во некоја Водолија.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Оптеретени сте и немате слободно време. Сепак, ќе ви се укаже прилика некој многу важен проблем да го решите преку суд. Оние кои очекуваат некаков пресврт во животот или планираат брак конечно ќе ги направат првите чекори.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Прифатете ја новата деловна понуда. Атмосферата во домот е прилично напната или вие сте уморни, а тоа се гледа преку вашата нервоза и честото нерасположение. Не давајте преголем напор, можен е пад на имунитетот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувајте се од превртливи луѓе. Би било добро да не полимизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон некое лице кое ве иритира. Можна е авантура со некој Рак. Не претерувајте со слатките.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Како и секогаш имате јасна цел. Тешко е да ве убедат на нешто што не го сакате. Иако сте голем ентузијаст кога станува збор за работата, во моментов не сте подготвени да инвестирате во сомнителни трансакции. Можен е повик за романтичен состанок.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате потреба да му се пожалите на некој. Ќе успеете да исправите некоја неправда. Би требало поинаку да се поставите кон некое лице кое ви е драго, да покажете повеќе разбирање или да му посветите повеќе внимание.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не поднесувате неправда. Многу нешта не ви одат од рака и би било добро поинаку да се поставите кон некои проблеми. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некој ќе ви понуди позајмица, а тоа е лице од кое најмалку го очекувате тоа. Ве привлекуваат позитивни, комуникативни, доста помлади лица од вас или некој кој има нагласена смисла за хумор. Можна е промена на хормоналниот статус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП