8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе повеќе големи компании во Европа ги продаваат своите канцелариски централи

Се повеќе големи компании во Европа ги продаваат своите канцелариски централи

Muenchen_2852010

Според интернет изданието „propertyeu.info“, се повеќе централи на големи компании, излегуваат на пазарот во Европа.

Само во првиот квартал од годината на пазарот излегле згради со вкупна вредност од над 1,3 милијарди евра, пресметува весникот.

Сингапурскиот државен инвестициски фонд „GIC“ го пуштил за продажба облакодерот „O2“ во Минхен, според добро информирани пазарни извори. „GIC3 ја купи зградата во 2007-ма година од „Hines“ за околу 300 милиони евра. Сега Фондот ја најмил консултантската компанија „JLL“ за продажба на највисоката зграда и обележје во Баварија.

Зградата е лоцирана во близина на Олимпискиот стадион во Минхен и во непосредна близина на трговски центар „Olympia“. Таа се состои од четири седуметажни тела и облакодер, кој е изнајмен на телекомуникациската компанија „Telefonica“ заедно со три од помалите згради.

Истовремено во Лондон ТВ гигантот „Sky“ ги даде на агентот „BNP Paribas Real Estate“ да ги продаде централата и студијата на компанијата во западиот дел од градот за 545 милиони фунти (683 милиони евра). Компанијата планира да ги ангажира зградите за 30-годишен период, а приходите да ги ре-инвестираат во својата основна дејност.

Исто така во главниот град на Велика Британија корејската осигурителна компанија „Hanwha Life“ соопшти дека ја продава зградата, која долг период беше изнајмувана, за 190 милиони фунти (247 милиони евра).

Неодамна „Global Capital Markets JLL“ беше овластена од „Alecta“, шведски менаџер на пензиски фонд со средства под управување во износ од 75 милијарди евра, да го предложи за продажба портфолио на компанијата од канцеларии, трговски центри, мулти станбени згради и индустриски имоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП