6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДесетте смартфони на пазарот во моментов со најдобри перформанси

Десетте смартфони на пазарот во моментов со најдобри перформанси

topsmart

Постојаното претставување на нови генерации чипови доведе до тоа листата на произведените смартфони на пазарот да се менува постојано. Уште еднаш ранглистата, изготвена од сајтот „AnTuTu“, има нов лидер.

Тоа е новиот смартфон на кинескиот производител „Xiaomi“ – „Mi 5“.

Во изминатата година во рангирањето доминираа новите смартфони на „Apple iPhone 6s“ и „6s Plus“, одликувајќи се со исклучително моќниот процесор „А9“. Предноста на „iPhone“ беше значителна, во споредба со останатите смартфони од највисока класа, кои беа на пазарот до крајот на годината.

topsmart1

Излегувањето на новите чипови „Snapdragon 820“ и „Exynos 8890“ сепак го променија овој факт. Спротивно на очекувањата на повеќето од корисниците, сепак, моделот на „Xiaomi“ ги надминува по перформанси новите модели „Galaxy S7“ и „S7 edge“ објавени речиси едногласно од експертите за најдобрите „Android“- уреди, претставувани некогаш на пазарот. Се разбира, продуктивноста не е сè и моделот „Mi 5“ заостанува суштински зад „S7“ во многу други насоки.

Најважно е можеби во однос на екранот, така што „Mi 5“ се одликува со петинчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели за сметка на „QHD“- резолуцијата кај „S7“. Третото место по перформанси е за моделот „iPhone 6S“ и чипот „A9“. Топ пет се пополнува уште од моделите „Huawei Mate 8“ и „Meizu Pro 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП