6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry го враќа фокусот кон телефоните од средна класа

BlackBerry го враќа фокусот кон телефоните од средна класа

bb android

„BlackBerry“ го враќа својот фокус назад кон пазарот на смартфони од средната класа, откако призна дека последниот предводник на компанијата со „Android“ – „BlackBerry PRIV“, е со премногу висока цена за корпоративните клиенти.

Канадската компанија подготвува два нови смартфони и ќе ги претстави до крајот на годината, како и двата ќе користат „Android“. Веста беше објавена најнапред од извршниот директор на „BlackBerry“ Џон Чен во интервју за „The National“. Според Чен двата телефони ќе бидат модели од средната класа, што значи дека нема да се директни наследници на минатогодишниот предводник „BlackBerry Priv“. Засега немаме никаква технички информации за параметрите на моделите кои се во подготовка.

„„BlackBerry Priv“ беше од премногу висока класа“, признава Чен, а одбива да коментира какви е неговата продажба. Компанијата сепак призна потоа дека за трите месеци до крајот на март продала едвај 600.000 примероци, што е помалку од очекуваните од анализатоирите 850.000 парчиња.

„Тоа што дебитираше како високобуџетен смартфон како прв „Android“ модел, не беше многу разумно решение”, додава уште Чен.

Извршниот директор признава дека цената била превисока – таа започнуваше од 700 долари за готово.

„Голем дел од корпоративните клиенти ни рекоа дека сакаат да купат телефони, но 700 долари се премногу висока цена. Тие се повеќе заинтересирани за уред за 400 долари“, појаснува тој.

Чен тврди дека најсигурниот предлог на „BlackBerry“ за телефони со „Android“ телефон е она што може да им се допадне на корпоративните клиенти.

„Ние сме единствените луѓе кои навистина го штитат „Android“ со пренесување на заштитните карактеристики на „BlackBerry“ кои секој ги познава, и ги правиме подостапни за пазарот“, вели Чен.

Разочарувачките податоци за продажба од минатата недела повторно ги оживеан шпекулациите дека „BlackBerry“ може конечно да се одлучи да се откаже од својот телефонски бизнис и да се фокусира исклучиво на своите попрофитабилни софтверски услуги, кои се очекува да одбележат раст за 30 отсто во следните 12 месеци.

Како дополнителен удар за компанијата беше тоа што „Facebook“ и „WhatsApp“ објавија во март дека ќе се откажат од поддршката за своите апликации за оперативниот систем „BlackBerry BB10“ кој е инсталиран на уредите „Passport“, „Classic“ и „Leap“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП