4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМапа за животниот стандард во Европа: Македонија во регионот е само пред...

Мапа за животниот стандард во Европа: Македонија во регионот е само пред Албанија

trosoci zivot

Најголемиот индекс во регионот кога станува збор за стандардот има Хрватска, а веднаш зад неа се БиХ (75) и Црна Гора (65). Индексот на македонскиот стандард изнесува 58 поени и сме зад Србија која има 61, а пак зад нас заостанува Албанија со 54 бода.

Чешкиот лингвиста и математичар Јакуб Мариан направи карти на кои прикажа колку европските земји се разликуваат кога станува збор за трошоците за живот и куповната моќ, односно стандардот на граѓаните.

mapa zivot 01

Трошоците за живот споредени во однос на Германија, која на картата има индекс 100, како и на таа за стандард во однос на Полска.

Според неговите пресметки најскапа земја за живот е Швајцарија со индекс 199, но оваа земја исто така има и највисок стандард во Европа, повеќе од двојно од Полска – 221, поради што е идеална за сите оние кои би сакале во неа да работат, но е многу неповолна за студентите и пензионерите кои би сакале да се преселат од таму, објасни Мариан на својата интернет страна.

На второ место по скапиот живот се наоѓа Норвеша со индекс од 153, нормално и во оваа земја куповната моќ на граѓаните е многу висока. Добар стандард имаат и Германија и Данска, чии индекси изнесуваат 183 и 176.

mapa zivot 02

Иако има повеќе од двојно пониски стандарди за живот од Германија, Македонија (58) неможе да се пофали со добро рангирање на картата за куповната моќ на граѓаните. Имено во регионот полош стандард имаат само граѓаните на Албанија со индекс од 54.

Најголемиот индекс во регионот кога станува збор за стандардот има Хрватска, а веднаш зад неа се БиХ (75) и Црна Гора (65).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП