19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.04.2016

Дневен хороскоп 11.04.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тврдоглави сте и не се откажувате од она што сте го замислиле. Немојте да водите полемики околу парите. Едно позитивно и интересно лице се обидува да ве фасцинира. Внимавајте на постапките, можете да налутите некого.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Енергични сте и подготвени за акција. Не се плашете да побарате помош од блиските пријатели. Можна е понуда за добро платено работно место. Ако сте слободни, имате голема можност за избор кога станува збор за љубовта.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немате доволно време да и се посветите на работата. Ако имате намера да се впуштите во работа со некои роднини бидете претпазливи. Во љубовта сте прилично воздржани и недоверливи. Престанете да лажете.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Комуникацијата ви е лоша, но упорно се обидувате да се истакнете и да бидете во прв план. Чезнеете за љубов и внимание, а тоа умеете да го покажете на адекватен начин. Кај вас постои мотив и добри идеи.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Остроумни сте и имате добра интуиција. Не превземајте на себеси големи обврски или одговорност за нешто што не го сакате. Секоја нова задача може многу да ве исцрпи. Мислите на некое лице кое повремено го гледате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве оптеретува тоа што немате добра соработка со претпоставените. Сепак, имате на кого да се потпрете и смирено да го прифатите тоа што судбината ви го одредила. Вие сте романтични, комуникативни и подготвени за нови случувања.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Загрижувачки се вашите лоши деловни односи. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирните води или да се занимавате со децата, доколку ги имате, повеќе од кога било. Постои можност да се појави некое непријатно лице од вашето минато.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Никако да се одлучите дали да ја промените работата. Некој во прилична мера ве исцрпува со својата неодлучност. Тврдоглавиот и помалку ладен став нема да ви помогне кога станува збор за љубовта. Намалете ги нервозите и релаксирајте се преку прошетките во природа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Секојдневието тешко ви паѓа бидејќи сте уморни. Во љубовта сте подготвени во многу нешта да му попуштите на партнерот со цел да си обезбедите мир и хармонија. Задоволни сте со својот изглед.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Критички сте расположени. Сакате по секоја цена да се изборите за нешто што ви припаѓа и можно е со поддршка на оние кои ве сакаат и ценат да успеете во таа ваша мисија. Обидете се да го избегнете озборувањето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сакате да верувате дека советот од блискиот пријател може многу да ви помогне, туку се потпирате на некој соработник. Потребен ви е некој кој ги разбира вашите емотивни проблеми и некој кој добро ве познава. Премногу импулсивно реагирате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Размислувате премногу за работите кои не се важни за работата со која во моментов се бавите. Немојте да го загорчувате животот на некоја Вага, обидете се да ја разберете, особено доколку емотивно сте поврзани со неа. Кон некого сте многу неправедни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП