22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW пушта цивилизирана верзија на најбрзиот автомобил

BMW пушта цивилизирана верзија на најбрзиот автомобил

bengi 00

„BMW“ објави слика на умерена верзија на најбрзиот автомобил во својата историја – „M4 GTS“. Од овој модел ќе бидат произведени само 60 примероци, објави германскиот производител.

Модификација „BMW M4 CS“ ќе ја пополни дупката помеѓу стандардната „M4“ и екстремната „M4 GTS“. Спортската машина ќе ги задржи 20-инчни тркала од лесна легура, карбон-керамички сопирачки, индивидуализираната суспензија „M Performance“, како и кабронските аеродинамични елементи на каросеријата, вклучувајќи го позадинското антикрило.

bengi 01

За разлика од „M4 GTS“ (на втората и третата слики) новата опција ќе добие задни седишта. Кабината ќе тежи повеќе од екстремниот модел (1510 kg), но истовремено ќе биде полесна од стандардната „BMW M4“ (1590 kg).

„BMW M4 CS“ ќе го задржи 3,0-литарски твин-турбо мотор со 6 цилиндри, чија моќ се уште се прецизира. Таа ќе е поголема од онаа на „M4“ (431 КС и 550 Nm), но ќе биде помала од онаа на „M4 GTS“, кај која агрегатот развива 500 КС и 600 Нм. Преносот останува 7-степен автоматски со 2 конектори.

bengi 02

Максималната брзина на новата верзија ќе биде 280 км/ч. Кај „M4 GTS“ таа е 305 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,8 секунди. Стандардната „BMW M4“ развива 250 км/ч, бидејќи има електронски ограничувач, а од место до 100 км/ч стигнува за 4,1 секунди.

Од компанијата соопштија дека ќе почнат да примаат нарачки за возилото на крајот на мај. Возилото ќе се продава само во Шпанија, при што претстои официјално да биде претставена неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП