19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како се претставија суровините во првиот квартал?

График на денот: Како се претставија суровините во првиот квартал?

gra 3

Глобалните пазари го забележаа најлошиот старт на годината во историјата, па индексот „S&P 500“ потона за 10,5% до почетокот на февруари. Акциите се надоместуваат оттогаш, но тензиите се уште се чувствуваат во воздухот, коментира „VisualCapitalist“.

Благородни метали

Ова е една од причините поради кои инвеститорите собираат метали во првиот квартал на 2016-та година. Златото заврши со раст на цената од извонредни 15,9%, поддржан од рекордниот откуп на тргувања на Берзата за златни фондови. Во меѓувреме среброто и платината, кои се сметаат за вредни метали со поголема примена во индустриите, исто одбележуваат поскапување во првиот квартал, иако во помала мера: 9,4% и 6,6%, соодветно.

Неблагородни метали

Овие метали предвидоа најразлично претставување во првите три месеци од годинава. Цената на цинкот забележа изненадувачи раст од 20%, иако беше време да се опорави по достигнатиот во 2015-та година, 5-годишен минимум. Никелот и бакарот сепак не се претствија толку добро. Никелот завршува на негативна територија (-3,1%), а бакарот на крајот заврши без промена и покрај сериозниот раст во февруари и почетокот на март.

Енергија

Во енергетскиот сектор нема вистински победници, затоа што американската сурова нафта, природниот гас и ураниумот завршуваат на „црвено“. Природниот гас го оствари најлошото од трите со пад од 17,0%, приближувајќи се сè повеќе до најниските нивоа од децении. Некои аналитичари очекуваат повеќе притисок надолу на природниот гас, сега кога зачуваното количество е за 34,2% повисоко од 5-годишното средно ниво.

Храна

Клучните светски земјоделски суровини исто така се претставуваат мешано. Вредноста на сојата се зголемила за 4,2%, а пченицата и пченката забележаа послаби движења – односно од 1,0% нагоре и -0,3% надолу.

Во предвид прашањата кои ќе претстојат во вториот квартал, тој најверојатно ќе биде исто толку разновиден. Загриженоста околу потенцијалниот „Brexit“, негативните каматни стапки, производството во застој и потенцијалното зголемување.

gra 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП