6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите смартфони на Meizu

Новите смартфони на Meizu

menovi 00

Во средата еден од водечките кинески производители на смартфони – „Meizu“, го претстави долгоочекуваниот евтин смартфон „m3 Note“.

Само два дена подоцна од компанијата пуштија информација за претстојниот смартфон од највисока класа, кој ќе го претстават наскоро – „Meizu Pro 6“.

menovi 01

Новиот уред се очекува да е со 5.7-инчен „Amoled QHD“-дисплеј, како и 21-мегапикселна задна камера. Чипот во уредот се очекува да е на „Samsung“ – „Exynos 8890“, а оперативната меморија да е 4 или 6 GB. Батеријата најверојатно ќе има капацитет од 3.500 mAh. Уредот се очекува да биде претставен следниот месец.

menovi 02

Во однос на евтиниот модел „m3 Note“, тој е првиот од серијата со алуминиумско тело. Екранот му е 5.5-инчен „FHD“, со заоблено 2.5D-стакло. Процесорот е осумјаден „MediaTek Helio P10“ со фреквенција од 1,8 GHz. Уредот доаѓа во две варијанти – со 2GB RAM и 16 GB внатрешна, по цена од 125 долари, како и со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна – цена од 155 долари. Задната камера и на двата смартфони е 13-мегапикселна, а предната со резолуција од 5 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 4.000 mAh, а смартфонот има и сензор за отпечатоци, лоциран на неговото главно копче. Уредите ќе се нудат во Кина од 11-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП