20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрвите детали за новиот Honda CR-V

Првите детали за новиот Honda CR-V

crvic 33

„Honda“ работи на новата генерација на популарниот кросовер „CR-V“, објави „Autocar“, откривајќи ги првите детали за моделот.

Очекувањата се „SUV“ моделот да ја следи идеологијата на новата генерација на „Civic“ – односно да стане спортски, но и поекономичен. За таа цел „CR-V“ ќе добие нова платформа, како и нови мотори.

Сите тие ќе бидат позајмени од „Civic“, а според информациите шасијата веќе е целосно подготвена за да може да издржи поголем и потежок модел. Моторите за кросоверот ќе бидат 1,5- и 2,0-литарски бензински со турбина, првиот е преземен од стандардниот „Civic“, а вториот од „надуената“ верзии на хечбекот, при што развива меѓу 220 и 310 КС.

Во „Honda“ размислуваат и на можноста за пуштање на спортска модификација која ќе добие додаток „Si“ или „R“ кон името. Целта на Јапонците е да понудат варијанта на „CR-V“, која ќе може да се бори со „напумпаните“ верзии на кросовери на европските производители.

На „Стариот континент“ моделот ќе се нуди и во барем две дизел модификации кои ќе се потпираат на сегашниот 1,6-литарски мотор. Овој агрегат ќе биде целосно преработен, така што ќе добие две турбини и ќе се нуди во различни варијанти на моќноста.

Освен тоа се подготвува и хибридна верзија, која ќе може да се полни од електричната мрежа. Во основата на нејзината моќ ќе биде систем со 2,0-литарски бензински мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП