24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон ќе ja изгуби својата улога на монетарен центар по Brexit

Лондон ќе ja изгуби својата улога на монетарен центар по Brexit

london street 333

Улогата на Лондон како најголем центар во светот за валутна трговија ќе се намали, ако Британците одлучат да ја напуштат ЕУ во јуни.

Од овој потег најмногу ќе профитира Франкфурт, покажува анкета меѓу девизните трејдери и специјалисти за пазари. 2/3 од анкетираните сметаат дека „Brexit“ ќе ја уништи доминантната позиција на Лондон во монетарната трговија со 5.3 милијарди долари со кои се тргува дневно на пазарот. Тоа го покажува истражувањето на 12.000 членови на Здружението на финансиските пазари, објавено во „Bloomberg“.

Само 13% го сметаат спротивното и мислат дека Лондон ќе профитира од заминувањето од ЕУ. Идејата за „Brexit“ ја потресе и британската валута. Фунтата падна наспроти 16 валути во оваа година и со 4.4% во однос на доларот.

Британската престолнина генерира повеќе од 40% од светската трговија. Градот тргува повеќе долари од Њујорк и повеќе евра од цела Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП