2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia скратува илјадници работни места по аквизицијата на Alcatel

Nokia скратува илјадници работни места по аквизицијата на Alcatel

noki 399

Финскиот производител на телекомуникациска опрема „Nokia“ планира да скрати илјадници работни места во светот, вклучувајќи 1.400 во Германија и 1.300 во Финска, пренесе „Ројтерс“.

Плановите се дел од програмата за намалување на трошоците по аквизицијата на француско-американската „Alcatel-Lucent“, претходно во оваа година.

За Франција, „Nokia“ посочи дека ќе отпушти само 400 работници, но, исто така, ќе создаде 500 во делот за истражување и развој, нешто што минатата година компанијата и го вети на француската влада, кога преговараше за купувањето на „Alcatel“.

Од „Nokia“ одбија да дадат точни податоци за вклучените отпуштањата во целиот светот.

За компанијата работат околу 6.850 луѓе во Финска, 4.800 во Германија, 4.200 во Франција и околу 104.000 во светот.

„Nokia“ ја купи „Alcatel“ во јануари со понуда од 15,6 милијарди евра. Аквизицијата треба да и помогне на финската компанија во конкуренцијата со шведската „Ericsson AB“ и кинеската групација „Huawei“ на пазарот на кој ограничениот раст и силната конкуренција ги потиснуваат цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП