1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Audi A3 и Ѕ3 зa 2017-та година (фото+видео)

Премиера: Audi A3 и Ѕ3 зa 2017-та година (фото+видео)

trojkata 00

„Audi“ ги претстави новите „A3“ и „S3“, кои ќе бидат на пазарот уште следниот месец. Станува збор за надградба на сегашната генерација на моделите, што сепак е прилично големата и вклучува интеграција на најновата технологија на производителот.

trojkata 01

Обновенените „A3“ и „S3“ се обложуваат на познатиот дизајн, а се забележуваат нова решетка на ладилникот и челните светла „Xenon plus“ со нов дизајн. Со нов распоред се и стоп светлата, а позади е вметнат браник со интегриран дифузор. Меѓу опциите веќе се присутни „Мatrix LED“ фарови.

trojkata 02

Внатрешноста исто така е подложена на лесна надградба и нуди нов волан со три зраци и ажуриран систем „MMI“ со гласовна контрола. За доплата се нуди дигитална табла „Audi virtual cockpit“ што ги заменува вообичаените аналогни апарати. Технологијата дебитира со новиот „R8“, а е достапна исто така кај „А4“.

trojkata 03

Друга нова технологија во „A3“ и „S3“ е системот за движење во метеж. Тој може самостојно да управува автомобилот при брзина до 65 км/час, а може да биде безбеден и од модернизирана функција за одржување на лентата на движење.

trojkata 04

Палетата од мотори на моделот „A3“ вклучува шест бензински и дизел предлози, еден „plug-in“ хибрид и една верзија на метан.

trojkata 05

Бензинските се 1.0 TFSI со 115 КС, 1.4 TFSI со 150 КС и 2.0 TFSI со 190 КС. Дизел опции се 1.6 TDI со 110 КС и 2.0 TDI, кој е достапен со 150 и 184 КС.

trojkata 06

Верзијата на природен гас – „A3 Sportback g-tron“, го користи моторот TFSI со зафатнина од 1,4 литри, но развива 110 КС.

Хибридниот модел ја носи ознаката „A3 Sportback e-tron“, и комбинира бензински и електричен мотор и може да ги полни батериите со капацитет од 8 киловатчасови во електрична мрежа. Вкупната моќност на системот е 204 КС.

Спортскиот модел „Audi S3“ е управуван од модернизирана верзија на 2.0-литарски TFSI мотор кој е поставен да генерира 310 КС, или 10 КС повеќе од порано.

trojkata 07

Моделот е достапен во неколку верзии на каросерија – хечбек со три или пет врати, седан и кабриолет.

Обновените „A3“ и „S3“ ќе бидат достапни на пазарот во почетокот на месец мај. Цените во Германија стартуваат од 23.300 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП