1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на самит за производствени компании од Северна Америка

Македонија претставена на самит за производствени компании од Северна Америка

visar

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида заедно со економскиот промотор во Чикаго, Дејан Величков, деновиве учествуваат на Северноамериканскиот самит за производствени компании во главниот град на сојузната американа држава Илиноис.

На овој собир секоја година се среќаваат најголемите производствени компании од Северна Америка за да разменат искуства и најдобри практики за нивните глобални производствени стратегии. На самитот учествуваат повеќе од 400 делегати на највисоко ниво од најголемите глобални производствени компании.

Македонскиот тим оствари средби со повеќе компании со кои однапред имаше договорено состаноци за време на самитот, а со кои се разговараше околу потенцијалната можност своето производство да го преселат во Македонија.

Со неколку од компаниите преговорите напредуваа во добра насока и наскоро се очекува да ја посетат Македонија со свои тимови за анализа на земјата, велат од македонската делегација во Чикаго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП