Досега од „HP“ не преставија нов производ, кој на прв поглед ќе го привлече нашето внимание. Ова сепак се менува со овој лаптоп, за кој од компанијата тврдат дека е најтенкиот во светот, победувајќи го дури „MacBook Air“.

Имајте на ум дека надворешниот изглед е луксузен, а спецификациите – прилично добри.

Основниот модел е со цена од 1.169 долари. Тој е малку подебел од 1 см. Со неговите 10.4 мм, тој е потенок од 11-инчниот „MacBook Air“ (17 мм) и 12-инчниот „MacBook“ (13 mm). Лаптопот е со тежина од 1,11 килограми, што е малку повеќе од 11-инчниот „MacBook Air“ (1.08 кг) и од 12-инчниот „MacBook“ (0.92 кг).

„HP Spectre“ ќе има 13,3-инчен екран. Во основната верзија тој може да биде со 8 GB RAM меморија и „SSD“ диск со капацитет од 256 GB. Кај него се користи „Intel Core i5“ или „Core i7“ од последната генерација.