26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot Citroen: 26 нови модели до 2021-ва година

Peugeot Citroen: 26 нови модели до 2021-ва година

pikap pezoto3

Француската автомобилска групација „PSA Peugeot Citroen“ планира во периодот 2016-2021-ва на пазарот ширум светот да лансира 26 нови патнички модели, така што ќе ги „реализира својот целосен потенцијал“.

Покрај тоа, во план е и реализација осум нови лесни комерцијални возила, вклучувајќи и „пик-ап“ со носивост од еден тон. Oваа стратегија ќе биде реализирана по принципот „еден нов модел, по регион, годишно“, велат од компанијата „PSA“.

Деталите за новиот „пик-ап“ засега не се познати, но се претпоставува дека ова возило би било развиено во соработка со некој друг производител, така што компанијата ќе ги намали трошоците.

Најсериозен кандидат за соработка на овој проект е „Toyota“, со кој „PSA“ веќе има договор за производство на лесни комерцијални возила (како што се моделите „Toyota Proace Van“, „Citroen Jumpy“ и „Peugeot Expert“), па може да се очекува дека францускиот „пик-ап“ ќе превземе некои компоненти од моделот „Hilux“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП