22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Финансирањето на европските технолошки компании

График на денот: Финансирањето на европските технолошки компании

evra 888

Првиот квартал од 2016-та година заврши, а во овој период европските и израелските „стартапи“ собраа финансирање во износ од 4,4 милијарди евра (5,01 милијарди долари) преку склучување на 769 трансакции. Тука влегуваат и „Spotify“, која доби 1 милијарда долари од инвеститори во форма на конвертибилен долг, пишува „VentureBeat“.

Во двата случаи податоците претставуваат 31% зголемување во однос на четвртиот квартал од 2015-та година и соодветно 46% и 66% на годишна основа. Ова се податоците, ако ја броиме огромната трансакција на „Spotify“, која беше прогласена неодамна.

Погледнете ги овие два графикона:

evra 8881

Ако не го вклучиме „Spotify“, сликата се менува значително:

evra 8882

Токму така. Без последното финансирање на „Spotify“, „стартапите“ на Стариот континент собрале вкупно 3,5 милијарди евра, речиси иста големина на капиталот, забележани во претходниот квартал (3,4 милијарди евра), иако имаше 183 трансакции повеќе.

Тоа значи дека просечната големина на трансакција за финансирање на европските и израелските „стартапи“ опадна во првиот квартал на 2016-та година. Без „Spotify“ просечната големина на трансакција во Европа во првиот квартал била едвај 4,6 милиони евра, во споредба со 5,8 милиони евра во четвртиот квартал од минатата година и 6,6 милиони евра во споредба со првиот квартал на 2015-та година.

evra 8883

Која е причината за ова? Неверојатното зголемување на раните трансакции.

evra 8884

Во првото тримесечје од 2016-та година имало 534 договори во вредност од под 10 милиони евра (наспроти само 379 во претходниот квартал), што покажува дека има многу рано финансирање во Европа. Растот и финансирањето во подоцнежните кругови не се радува на значителните промени во однос на претходните периоди.

Водечка во Европа е Франција со 134 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП