5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple е се поблиску до милијарда продадани iPhone уреди

Apple е се поблиску до милијарда продадани iPhone уреди

ajfi 22

Меѓу 29-ти јуни 2007-ма година – датумот на кој стартува продажбата на првиот „iPhone“, и крајот на 2015-та година, „Apple“ има продадено 896 милиони примероци од нивиот смартфон. Ако анализите на „Wall Street“ се покажат точни, тогаш „Apple“ ќе продаде милијарди „iPhone“ телефони во текот на ова лето, коментира „CNNMoney“.

Кога „Apple“ ќе го претстави својот финансиски извештај за кварталот на 25-ти април, се очекува компанијата да соопшти дека продала 50 милиони примероци на „iPhone“ во првите три месеци од 2016-та година.

Според аналитичарите, анкетирани од „FactSet“, „Apple“ ќе продаде уште 44 милиони парчиња во тековното тромесечје, па така вкупниот број ќе достигне 990 милиони.

„Apple“ има добри шанси да го продаде милијардитиот телефон пред јули. За да се постигне ова, компанијата ќе мора да ги подобри прогнозите само со 10 милиони „IPhone“ уреди. Ако новиот „iPhone SE“ ја поддржи продажбата напролет, веројатноста тоа да се случи е голема.

Ако прогнозите на аналитичарите се покажат точни, сепак, „Apple“ ќе го продаде милијардитиот „iPhone“ во јули.

„iPhone“ е еден од најпродаваните технолошки производи на сите времиња. Сепак „Apple“ има продадено повеќе примероци од „iPhone“, отколку од „iPad“, „iPod“ и „Мас“ заедно, и тоа од 1993-та година.

Една милијарда е цифра веќе позната на „Apple“. Во ноември 2014-та година „Apple“ продаде милијарди уред со оперативниот систем „iOS“, вклучувајќи ги „iPhone“, „iPad“ и „iPod Touch“. Во јануари пак компанијата објави дека има 1 милијарда уреди кои се користат во моментот.

Продажбата на 1 милијарда примероци од еден производ, сепак е дури и значително достигнување.

„iPhone“ се продава веќе девет години, но „Apple“ продал половина уреди само во последните две години. Со сегашното темпо „Apple“ би требало да продаде 2 милијарди смартфони до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП