18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Невработеноста во еврозоната падна до најниска вредност од август...

График на денот: Невработеноста во еврозоната падна до најниска вредност од август 2011-та

jobs 33355

Невработеноста во еврозоната се намалува малку: од 10,4% во јануари до 10,3% во февруари, покажуваат сезонски прилагодените податоци на „Евростат“. Во февруари минатата година уделот на невработените во монетарната унија беше 11,2%.

Вредноста во вториот месец од годината е најниска од август 2011-та година.

Во целата Европска унија процентот на невработени изнесува 8,9% – без промена во однос на јануари оваа година и помалку во однос на февруари минатата година, кога процентот беше 9,7%. Последните податоци ја покажуваат најниската невработеност во ЕУ од мај 2009-та година.

Меѓу земјите членки најниска невработеност e забележана традиционално во Германија (4,3%) и Чешка (4,5%). Највисок е процентот на невработени во Грција (24%) и Шпанија (20,4%).

Во споредба со февруари 2015-та во 24 земји се регистрирани падови на невработеноста. Најголеми се намалувањата во Кипар (од 16,6 до 12,6%), Шпанија (од 23,2 до 20,4%) и Бугарија (од 9,8 до 7,4%).

Уделот на невработените во Белгија останува без промена, а се зголемува во Австрија (од 5,4 до 6%), Латвија (од 9,7 до 10,1%) и Финска (од 9,1 до 9,2%).

Младинската невработеност во ЕУ е 19,4%, а во еврозоната – 21,6%. Таа бележи пад во однос на една година претходно, кога била соодветно 20,9 и 22,7%.

nevrabotenost eu 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП