5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G5 на тест на издржливост (видео)

LG G5 на тест на издржливост (видео)

gori lg ee

„LG G5“ иако неодамна беше претставен пред јавноста, тоа не ги спречи ентузијастите веќе да се позанимаваат со интересни и луди тестови на овој смартфон.

Со цел да биде сигурен дека „LG G5“ способен да се справи со секакви форми на тортура, „YouTube“ корисникот „JerryRigEverything“ на овој телефон тестови со гребење, палење со запалка и превиткување.

Иако „LG G5“ пристигнува во модуларна форма, каде што може да се одвои долниот сегмент на уредот со цел да се открие заменливата батерија, или да се додадат други делови, како што е модул на камера, ова не значи дека „LG G5“ може лесно да се превитка.

Произлезе дека телефонот е изработен од многу цврст метал. Тестот со гребење покажа дека дисплејот на уредот има прилично тенок слој на пластика кој го прекрива, а дури и мал притисок на дисплејот резултира со дисколоризација/обезбојување и не влева многу надеж во тоа дека ќе „преживее“ доколку падне на под.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП