18 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati подготвува втор кросовер

Maserati подготвува втор кросовер

mas kros33

„Maserati“ планира да го искористи максимално зголемениот интерес за „SUV“ моделите. Италијанците веќе го претставија првиот кросовер – „Levante“, и веќе работат на втор таков модел кој треба да се појави во 2018-та година, пишува весникот „Motor1“.

Моделот ќе се распореди во субкомпактниот сегмент „B“ и ќе го добие името „Kubang“. Под ова име Италијанците веќе претставија два концепти – во 2003-та и 2011-та година. Серискиот кросовер ќе биде нестандарден за брендот, бидејќи ќе биде со напречна поставеност на моторот.

Архитектурата на „Kubang“ во голема мера ќе биде позајмена од „Jeep Renegade“. За разлика од него, сепак, возилото на „Maserati“ ќе се нуди само со погон на сите четири тркала, како и со 2.0-литарски бензински и дизел мотори кои работат во комбинација со 9-степен автоматски менувач.

mas kros34

Почетната верзија на новиот „SUV“ ќе стартува од околу 35.000 евра. Во 2019-та година ќе излезе и модификација „e-Kubang“ која ќе стартува од 50.000 евра. Таа ќе се потпира на два електромотори со вкупна моќност од 300 КС и само со едно полнење ќе може да помине минимум 800 километри.

Во плановите на брендот влегува уште и создавање на екстремна верзија на моделот – „MC Stradale“. Таа ќе добие 4,7-литарски V8 со 600 КС, овозможувајќи му на кросоверот забрзување од 0 до 100 km/h за 4 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП