5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo пушта нова конзола во 2016-та година?

Nintendo пушта нова конзола во 2016-та година?

niti 33

„Nintendo“ се подготвува за премиерата на својата нова генерација конзоли, покажува истражувањето на „Technavio“. Според него, компанијата работи на својата нова конзола „Nintendo NX“, која оваа година ќе биде пуштена на пазарот.

„Се очекува на пазарот да се зголеми бројот на претставени различни конзоли од следната генерација. „Nintendo“ треба да ја пушти новата генерација конзоли во 2016-та година, што ќе го стимулира растот на пазарот во 2017-та година“, коментира еден од главните експертите за игри на „Technavio“, Сумиа Мутсиди.

Во наредните четири години се очекува да бидат пуштени и новите верзии на „Xbox“ и „PlayStation 4“. Ова е особено интересно, бидејќи покажува дека кон „NX“ ќе се приклучат и новите надградби на системите на „Microsoft“ и „Sony“, порано од прогнозираното.

„Nintendo NX“ најверојатно ќе биде прикажана за прв пат во текот на оваа година, за време на „Electronic Entertainment Expo“, познато уште како „E3“, што се одржува во САД, дополнува „Technavio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП