7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.04.2016

Дневен хороскоп 04.04.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе бидете поефикасни од вообичаено, дури и сами себе ќе се изненадите. Необично сте ранливи и се сомневате во се кога станува збор за партнерот. Намалете со еуфоријата, ви создава само проблеми.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас е поволен ден во кој би требало да зборувате за зголемување на платата. Многу е важно да им се препуштите на чувствата и да не ги анализирате премногу работите. Партнерот нема толку грешки, колку што го обвинувате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Веројатно ќе работите само онолку колку што морате бидејќи ќе се чувствувате уморни. Не дозволувајте саканото лице да се чувствува запоставено. Потребен ви е одмор и релаксација.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не смеете да се откажете после разговорт со едно лице, бидејќи сеуште не ја знаете целата вистина. Приметувате дека партнерот се однесува чудно и има стравови и недоверба. Пробајте да го смирите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате лоша комуникација со колегите. Не ви се препорачува влегување во партнерски односи. Ве привлекуваат комуникативни и доста помлади лица од вас, или некој со нагласена смисла за хумор. Можни се грчеви во мускулите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Уморни сте и немате волја за работа. Потребно е поинаку да се поставите кон проблемите кои ве исцрпуваат. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска. Вашето здравје е осетливо.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сакате да ја решите нерешената ситуација на работа по секоја цена. Би требало поинаку да се поставите кон лицето кое ви е драго, да покажете повеќе разбирање и да му посветите поголемо внимание. Чувајте се од прекумерен замор.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добро сте организирани. Тешко е да ве убедат да направите нешто што не сакате, не сте подготвени да влезете во никаква сомнителна трансакција. Ќе добиете повик за интересен состанок од едно харизматично лице.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Искористете ја добрата деловна шанса за дополнителна заработка. Атмосферата во домот е прилично напната или вие сте уморни, што се одразува на вашата здравствена состојба. Обидете се да го елиминирате стресот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашата неодлучност ви создава неприлики. Прилично сте ладни во анализирањето на своите емотивни проблеми. Би било добро својата енерфија да ја насочите кон некое лице кое во прилична мера ве иритира. Имате проблеми со осцилацијата на крвниот притисок.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Амбициите ќе ве насочат во првилна насока, а вие ќе се покажете во вистинско светло. Обидете се да бидете помалку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во лице родено во воден знак. Стабилна здравствена ситуација.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одличната деловна ситуација ќе ве исполни во секоја смисла. Ќе ви се укаже прилика некој многу важен проблем да го решите. Ве очекува некој пресврт во животот, планирате брак или преселување. Можна е слабост или омалаксаност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП