28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИChrome држи чекор со Internet Explorer

Chrome држи чекор со Internet Explorer

prelistuvaci 33

Компанијата „Net Market Share“ го објави новиот извештај за застапеноста на одредени интернет прелистувачи. Според него, „Google Chrome“ се помалку заостанува зад „Internet Explorer“.

Иако „Microsoft“ го напушти „Internet Explorer“, т.е. наместо него претстави целосно нов прелистувач „Edge“, „Internet Explorer“ во март ја држеше првата позиција со удел од 43,40% (во февруари уделот изнесуваше 44,79%). „Chrome“ се наоѓа на втората позиција со удел од 39,09%, што е раст во однос на февруари кога уделот изнесуваше 36,56%.

Уделот на пазарот во текот на март покрај „Internet Explorer“ го загубија и „Firefox“, „Safari“, како и „Opera“. Најголем губитник беше „Firefox“ кој во февруари имаше пазарен удел од 11,68%, за тој во март да забележи пад до 10,54%.

Најновиот интернет прелистувач на „Microsoft“ – „Edge“ забележа благ раст на уделот од 3,02 нa 3,55%, што покажува дека многу корисници кои го напуштиле „Internet Explorer“ не го избрале „Edge“ како свој нов омилен интернет прелистувач, туку најверојатно „Chrome“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП