22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 40 долари, во фокусот пак прекумерното снабдување

Цените на нафтата под 40 долари, во фокусот пак прекумерното снабдување

nafta ee88

Цената на нафтата се лизнаа во петокот на меѓународните пазари под нивото од 40 долари за барел, под влијанието на се поизразеното неверување дека договорот меѓу извозниците за замрзнување на производството може да го реши проблемот за прекумерно снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 64 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 39,69 долари. Во истиот износ се лизна и на американскиот пазар каде што се тргуваше во барел по 37,70 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барел референтната кошница нејзина нафта во четвртокот изнесувала 34,33 долари, што значи дека паднала за 58 центи во однос на претходниот трговски ден.

На крајот од седмицата цените на нафтата беа притиснати од слабиот обем на тргувањето и загриженоста поради прекумерното снабдување, имајќи ги предвид сé пораширените оцени дека договорот меѓу големите произведувачи на состанокот кон средината на месецов во Доха за замрзнување на производството на јануарското ниво нема позначително да придонесе за решавањето на овој проблем.

„Очекувањата се големи кога станува збор за поддршката на цените која би требало да им ја даде планираното замрзнување на производството на ниво на OPEC и земјите вон оваа организација. Сепак, тешко е да се разбере зошто задржувањето на производството на јануарското ниво би требало да ги поткрепи цените на нафтата. Пазарот нема да биде урамнотежен оваа година“, вели за Reuters Тамаш Варга од „PVM Oil Associates“.

Месечното истражување на Reuters објавено претходно седмицава покажа дека производството на OPEC пораснала во мар поради поголемото снабдување од Иран по укинувањето на санкциите, но и поради речиси непрекинатиот извоз од јужен Ирак.

Саудиска Арабија ќе го замрзне производството само доколку тоа го стори и Иран и другите големи производители, изјави за агенцијата Bloomberg, саудискиот функционер Мохамед бин Салман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП