23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВИП постапка за регистрација на имот во Република Македонија

ВИП постапка за регистрација на имот во Република Македонија

popo

Агенцијата за катастар на недвижности од петок овозможи ВИП постапката  за пренесување на една недвижност од едно на друго лице да се врши по електронски пат.

Постапката започнува од нотарот кој ќе им укаже на странките за можноста за ВИП постапката и доколку истите ја прифатат ќе ги упати на овластен проценител кој во рок од 3 дена ќе изготви процена на предметната недвижност потоа сите документи вклучувајќи ја и аконтативната даночна пријава по електронски пат проценителот ќе го достави до нотарот кој ја води постапката.

Нотарот во рок од 2 дека ќе го солемизира договорот, ќе го плати данокот на промет на сметка на општината, ќе достави клаузула за платен аконтативен данок на промет и по електронски пат ќе ги достави сите документи во Агенцијата за катастар на недвижности која во рок од 1 ден ќе изврши регистрацијата на недвижноста и издаде имотен лист.

Со ова постапката за регистрација на имот завршува, а катастарот по електронски пат целокупната документација ќе ја проследи до надлежната општина која ќе ја провери процената и ќе донесе даночно решение. Ваквата постапка се одвива во 3 чекори и ќе трае вкупно 6 работни дена од започнувањето на процесот.

„Вака поставената ВИП постапка очекуваме да има и големо влијание на новиот извештај на Светска банка Doing Business 2017 каде според анализите кои ги направи Агенцијата за катастар на недвижности би требало да имаме подобрување на рангирањето за најмалку 10 места, односно од сегашното 50 место кај индикаторот за регистрирање на имот Република Македонија би требало да се најде на најмалку на 40 место во светот во овој индикатор, а доколку оваа постапка стане доминантна при регистрирањето на имот во Република Македонија тогаш кај индикаторот регистрирање на имот ќе може да бидеме меѓу првите 10 земји во светот“, велат од Катастарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП