20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla претстави подостапен модел (фото+видео)

Tesla претстави подостапен модел (фото+видео)

teslic 00

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ го претстави својот најприфатливиот модел. Седанот „Model 3“ чини 35.000 долари, а официјално на пазарот ќе се појави во 2017-та година.

„Model 3“ е четвртиот модел на „Tesla“. Компанијата го започна своето постоење со електричниот „Roadster“, кој веќе не се произведува. Во моментов во нејзината палета присуствуваат три предлози – најголемиот седан „Model S“, кросоверот „Model X“ и компактниот седан „Model 3“.

teslic 01

Новиот автомобил ќе се појави на пазарот за околу една година. Сепак компанијата веќе има добиено над 115.000 пред-нарачки направени за период од помалку од 24 часа. Потсетуваме дека во пресрет на премиерата пред саемот од „Tesla“ им се извинија на редиците нетрпеливи клиенти.

Што се однесува до дизајнот на „Model 3“, тој е позајмен од „Model S“, но има елементи и од кросоверот „Model X“. Ентериерот изгледа на концептуално ниво, покажувајќи огромен централен дисплеј на инфо-забавниот систем и исклучително чист дизајн. Всушност единствениот инструмент е предметниот екран на допир.

teslic 02

„Tesla Model 3“ ќе се нуди во неколку верзии на погон, а најдостапна е модификацијата со цена од 35.000 долари која има автономна километража од речиси 350 километри. Забрзувањето од 0 до 100 км/час кај овој модел трае околу 6 секунди, изјави главниот извршен директор на компанијата Илон Муск при премиерата на моделот, која се одржа во базата на производителот во Калифорнија, САД.

Побрзите и соодветно поскапите верзии на „Model 3“ ќе имаат погон на сите четири тркала. Можно е за моделот да биде достапна и максималнот систем на „Model S“ кој генерира моќност од 700 КС.

teslic 03

Детални информации за димензиите на „Model 3“ недостасуваат, но за време на премиерата стана јасно дека во споредба со конкурентите, седанот на „Tesla“ нуди поголем простор во кабината. Ова е постигнато благодарение на компактните батерии, позиционирани под подот на автомобилот.

„Петмина возрасни можат да се сместат удобно во „Model 3“. Ова е практичен автомобил, кој може да собере дури и даска за сурфање со средна големина“, рече Илон Муск.

teslic 04

За да го направи „Model 3“ дури и атрактивен за клиентите, „Tesla“ тројно ќе го зголеми бројот на станиците за полнење со електрична струја. Тие се користат целосно бесплатно, а такви покрај во САД има и во Европа.

„Очекувајте уште вести околу моделот. Тоа е само првиот дел од изненадувањето. Претстои второто“, изјави Муск при премиерата на „Model 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП