Најголемиот производител на нафта во Русија, „Роснефт“, претрпе сериозни загуби на крајот на 2015-та година поради падот на цените на нафтата, но сепак успеал да забележи минимално зголемување на нето добивката за целата година, соопшти компанијата.

Од „Роснефт“ велат дека нето добивката е намалена за 52,7% во четвртиот квартал од 2015-та година до 53 милијарди рубљи (782,3 милиони долари). Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација е намалена за 6,4% до 278 милијарди рубљи (4,15 милијарди долари) во последните три месеци од годината.
За целата 2015-та година нето добивката на „Роснефт“ сепак е зголемена за 2% до 355 милијарди рубљи. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација пак забележа раст од 17,8% до 1,245 илјади милијарди рубљи.
Во доларски израз сепак финансиските резултати на Роснефт се влошени во 2015-та година. Нето добивка е намалена за 34,4% до 6,1 милијарди долари, одразувајќи девалвација на рубљата поради падот на цената на нафтата. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација пак е намалена за 28,3% до 20,8 милијарди долари.
„Роснефт“ изјави дека успеал да го намали нето долгот за 47% до 23,2 милијарди долари, откако исплатил значителен дел од краткорочните обврски.
Акциите на „Роснефт“ поевтинија со 0,33% до 311,1 рубљи за време на раната трговија во Москва по објавувањето на извештајот.