Батерија од 5000mAh и голем 6-инчен „Super AMOLED“ екран со резолуција 1080 x 1920 пиксели, а тоа се главните адути на овој смартфон на „Samsung“.
„Galaxy A9 Pro“ користи осумјадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 652“ со такт од 1.8 GHz со 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија.
Уредот поддршува „Dual SIM“, а исто така има сензор за препознавање на отисоците на прстите.
Смартфонот работи на оперативниот систем „Android 6.0.1 Marshmallow“, а има вградено две камери: задна од 16 MP и предна од 8 MP.
Oвој мобилен телефон е претставен во Кина, каде сега може да се купи по цена од 540 долари, а корисниците ќе можат да изберат една од понудените четири бои: бела, црна, шампањ и розева.