7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s го освојува Истокот – 1.500 нови ресторани

McDonald’s го освојува Истокот – 1.500 нови ресторани

118316815456fcfcdc3d88d919201566_w640

Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ планира да отвори 1.500 ресторани во Кина, Јужна Кореја и Хонгконг, со цел да го прошири работењето на брзорастечките пазари.

Од „McDonald’s“, исто така, соопшти дека на локалните менаџери ќе им доделат повисоки овластувања во донесувањето на одлуките со цел да се одговори на потребите на азиските купувачи, пренеува агенцијата АП.

„McDonald’s“, со седиште во градот Оук Брук (американската сојузна држава Илиноис) го реорганизира работењето под раководство на генералниот директор Стив Истербрук, по признанието дека не успеал да „биде во чекор“ со промените на вкусот кај потрошувачите.

Истербрук во соопштението наведе дека Азија претставува прилика за „вклопување на нашите глобални стандарди за квалитет со локалните сфаќања“ и дека новите ресторани ќе и овозможат на компанијата да го забрза растот на работењето и да го трансформира, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП