11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЉупчо Георгиев нов Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев нов Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово

georgiev 3353

Нов Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово е Љупчо Георгиев, а промената ќе стапи на сила на 2-ри април.

Тој ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој одлучи да го напушти Мајкрософт по речиси 3 години и да бара нови предизвици надвор од компанијата.

Љупчо Георгиев носи во Мајкрософт 19-годишно професионално искуство, почнувајќи ја својата кариера во Хермес Плус (СНТ), како претставник за продажба, кој последователно менува различни директни и индиректни работни места во секторот за продажба. Тој придонесе за цврст раст на бизнисот на компанијата управувајќи со бизниси за големи претпријатија во Македонија и во регионот на Балканот, додека беше одговорен за продажба и маркетинг операции поврзани со системски решенија. Стана директор во СРЦ СИ, градејќи софтверски решенија и тим за продажба, пред да замине во Циско Системи како Извршен директор за МАК регионот. Љупчо му се придружува на тимот на Мајкрософт од Густав Кејзер Тренинг Интернационал, каде што тој беше консултант, лидер за обука и тренер, и даваше услуги на различни компании во регионот, со значајно влијание.

Георгиев дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП