19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолем Гејминг викенд во Телеком иновативниот центар

Голем Гејминг викенд во Телеком иновативниот центар

game time 33

Голем Гејминг викенд (Game Weekend) со поддршка на Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком, а во реализација на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА, ќе се организира на 2-ри и 3-ти април во Телеком иновативниот центар.

На првиот ден од Гејминг викендот, во сабота на 2-ри април, ќе се одржат предавања и дебати со познати и искусни програмери, цртачи и дизајнери коишто пред присутните на настанот ќе имаат свои презентациии за начинот на правење на игри, потребните алатки, софтвери и ресурси, како и промоција на игрите.

Во недела на 3-ти април, на вториот ден од Гејминг викендот, ќе се организира специјално издание на Хартсоун турнир. Бројот на натпреварувачите ќе биде ограничен, а право на учество ќе имаат само 64 играчи кои ќе се борат за главната награда-лаптоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП