30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSkype ќе го добие гласовниот асистент Cortana

Skype ќе го добие гласовниот асистент Cortana

skype-mobile-smartphone-ios-android

Гласовниот асистент „Cortana“ на „Microsoft“ ќе биде интегриран во апликацијата за разговор – „Skype“. Со него корисниците ќе можат да прават резервации за пребарување на интернет и уште многу други работи преку гласовни команди, соопшти компанијата за време на својата конференција „Microsoft Build 2016“.

„Cortana“ ќе биде главната цел на амбициозниот план на „Microsoft“, кој предвидува создавање на повеќе различни ботови. Секој од нив ќе може да води разговор по одредена тема, а во основа ќе биде предводен од „Cortana“. „Skype“ пак ќе може автоматски да препознава кој бот да го активира за корисникот, според природата на неговото барање или задача.

Креаторите на апликации, исто така ќе можат да ги користат ботовите или да развиваат свои. Предметните алгоритми дури ќе можат да комуницираат со луѓе и на други платформи како што се „SMS“, „Office 365“, „Slack“ и други. Ќе можат да се создаваат и ботови кои ќе користат текст, говор и дури видео. Функцијата „Skype Bots“ е вградена во новата верзија на „Skype“, која веќе се шири до корисниците.

cortana-skype-1500x837

„Microsoft“ ги одредува ботовите како нов вид апликации. Наместо да се ракува со притискање на копчињата со нив само може да се зборува, коментира извршниот директор Сатја Недела за време на конференцијата. На овој начин корисникот ќе може да има повеќе персонални асистенти, кои се специјализирани во одредена активност. „Cortana“ пак е во основата на сето тоа, да се остварува врската меѓу ботовите и корисниците.

„Сакаме да изградиме интелект кој ќе ги дополнува човечките можности. Нема да биде човекот против машината, туку ќе биде човекот заедно со машината“, коментира Недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП