7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали товарот од негативните камати на банките се префрлува на клиентите?

Дали товарот од негативните камати на банките се префрлува на клиентите?

Deutsche Bundesbank in Nuernberg

Германската централна банка е загрижена поради можното воведување на негативни каматни стапки и на депозитните сметки на штедачите во банките, изјави членот на управниот одбор на „Deutsche Bundesbank“, Aндреас Домбрет.

„Банките и штедилниците со кои разговаравме сакаат да сторат се, со цел да го избегнат тоа“, вели Домберт за германскиот весник „Der Spiegel“.

„Меѓутоа, колку подолго ќе потрае актуелната ситуација со каматните стапки, толку поголема ќе биде можноста банките да се префрлат на терет на негативните каматни стапки на клиентите“, наведе тој, додавајќи дека „Bundesbank“, како надзорно тело, не сака да им кажува на банките што да прават, затоа што секоја банка или штедилница мора самостојно да донесе одлука.

Во настојувањето да ја подигне хронично ниската инфлација во еврозоната, Европската централна банка (ECB) овој месец ја намали референтната каматна стапка на нула проценти, додека каматната стапка за депозитите на банките пласирани кај „ECB“ ја намали на минус 0,40 oтсто.

„Bundesbank“ отворено се противи на одлуката на „ECB“ клучните каматни стапки така долго време да ги држи на ниско ниво.

Бидејќи ниските каматни стапки не им нудат никакви стимулации на штедачите и ја нагризуваат профитабилноста на банките, Домбрет вели дека „многу банки веќе им ја зголемија провизијата на клиентите или размислуваат за нивно зголемување“, што би можело да се случи во сегментот на подигнување на парите, издавање на картички и други услуги.

Дали ова сценарио ќе доведе и кај нашите банки да се размислува за воведување негативни каматни стапки за депозитите во евра?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП