„Bank of England“ подготви сценаријата за проверка на британските кредитори, соопштува „Ројтерс“. Институцијата ќе ја проверува издржливоста на банките при евентуална рецесија во земјата, како и кај нова глобална криза, дополнува новинската агенција.
Британските банки ќе бидат тестирани дали ќе се справат со повторување на кризата од 2008-ма година, падот на цените на недвижностите во Хонгконг, силениот раст на невработеноста во Велика Британија и цената на нафтата од 20 долари за барел.
Предвидено е во текот на стрес-тестовите на британската централна банка да поминат седум водечки банки и градежни општества. Не се предвидува да има одредени резултати, при што ќе се смета дека проверките се успешно поминати. За секоја финансиска институција ќе се оценува одреден минимум според нејзината големина и капиталните барања.
Предвидено е резултатите да се подготвени во четвртиот квартал на оваа година. Од банките може да биде побарано да ги подобрат капиталните позиции, ако нивната презентација спрема различните сценарија изгледа слабо.
Едно од сценаријата предвидува пад на глобалната економија со речиси 2 проценти во првата година, како што се случи по кризата од 2008-ма година, ќе се проверува и издржливоста на банките при падот на цените на куќите на Островот со 31%, а на бизнисот со имоти – со 42%.
Сценариото предвидува и проверка при контракција на британската економија со 4,3% и удвојување на невработеноста до малку под 10 отсто, како и девалвација на британската фунта со 7% во однос на доларот.
Истовремено „Bank of England“ презеде и мерки против ризичното кредитирање. Купувачите на имот со цел изнајмување ќе помине низ построги проверки пред да им се додели заем. Основната идеја зад оваа одлука е да се „олади“ пазарот на недвижности на Островот, кој се подгрева од постојаната растечка побарувачка за домови за купување и изнајмување и слабата понуда.
Предвидено е купувачите да поминуваат построги проверки за приходите и дали ќе може да се справат со исплатата на кредитот кај повисоки камати независно од генерираниот приход од имотот.