27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов успех на Škodа: Зa 3 години 1.000.000 примероци на Octavia

Нов успех на Škodа: Зa 3 години 1.000.000 примероци на Octavia

uspeh 33

Чешкиот производител се пофали дека го произведе милионитиот примерок од третата генерација на моделот „Octavia“, a oд 1996-та и лансирањето на овој автомобил од производната лента се симнати преку 5 милиони единици.

Третата генерација на компактниот автомобил на „Škodа“, која претставува најважниот модел во производната програма на оваа компанија, претставена е на крајот на 2012-та, а започна да се изработува во 2013-та година.

Повеќето од милион произведени автомобили се од погоните на фабриката во Млада Болеслав во Чешка. „Octavia“ се составува уште и во Русија, Казахстан и Кина, која поединечно е и најголемиот пазар за пласман на овој модел.

uspeh 34

Во 2015-та година „Škoda“ на купувачите им испорача дури 432.300 примероци на „Octavia III“, што претставува раст од 11% во споредба со 2014-та година, додека во првите два месеци од 2016-та се продадени 70.500 единици.

„Škoda Octavia III“ ја дели истата механичка платформа со последната генерација на „VW Golf“, a покрај најпродаваната верзија со 5 врати, во понудата е и караван, како и крос верзијата „Scout“. И токму јубилејниот милионити автомобил беше „Škoda Octavia Scout“, изработен во погонот во Млада Болеслав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП